„Воено злосторство претставуваат експлозиите на комуникациските уреди во Либан“

September 21, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Шефот за човекови права на Обединетите нации (ОН) Волкер Турк во петокот остро ја осуди серијата смртоносни експлозии на пејџери и воки-токи ( уреди за безжична комуникација) во Либан, нарекувајќи ги воено злосторство, известува Анадолу.

Изјавувајќи дека е „запрепастен од смртоносните напади врз цивили во Либан на 17 и 18 септември“, Турк на седницата на Советот за безбедност на ОН рече:

„Овие напади претставуваат нов развој во војувањето, каде што алатките за комуникација стануваат оружје“.

„Ова предизвика широко распространет страв, паника и ужас кај народот на Либан, кој веќе страда од сè понестабилната ситуација во земјата од октомври 2023 година и се наоѓа во тешка и долготрајна економска криза. Ова не може да биде новото нормално“, предупреди Турк.

Зборувајќи дека војната има правила за секоја страна во сите вооружени конфликти, Турк нагласи:

„Мора да се преземат сите можни мерки на претпазливост за да се поштедат цивилите. Нападите мора да останат пропорционални кон пошироката штета што ќе ја предизвикуваат.“

Турк изјави дека нападот не треба да се изврши доколку напаѓачот не може да го процени неговото влијание врз цивилите и побара „независна, темелна и транспарентна истрага за околностите на овие експлозии“.

„Оваа трагична ситуација не може да се гледа изолирано“, рече Турк и додаде: „Таа е поврзана со војната во Газа, со растот на насилството на Западниот Брег, вклучително и Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и континуираната израелска окупација на палестинските територии.“

Во вторникот и средата, 37 лица загинаа, а повеќе од 3.250 беа повредени во серија експлозии на пејџер и воки-токи (уреди за безжична комуникација) во Либан.

Либанската влада го обвини Израел дека го извршил нападот, а Хезболах вети одмазда. Израел не ги коментираше обвинувањата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на објектот Дом на култура со спортска сала во село Дреново, Општина Кавадарци

Следно

Туристичка тура по обновениот покрив на историската Капаличарши во Истанбул

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop