Водовод: Дефектот во Козле е во сопственост на болницата, прекинот со вода не е во наша надлежност

July 18, 2025
1 min read

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопшти дека нема никаква вина за прекинот на водоснабдувањето во детската болница Козле. По теренски увид, нивните екипи утврдиле дека дефектот потекнува од внатрешната водоводна инсталација на самата болница, која е надвор од надлежност на ЈП Водовод.

Од претпријатието истакнаа дека болницата е веќе информирана и дека е потребна итна санација од нивна страна. Дополнително, Водовод алармира дека при увидот било забележано нерационално користење на водата за пиење, односно полевање на тревни површини и зеленила, иако во болницата имало прекин на водоснабдувањето.

„Се занемарени примарните работни активности, а водата се троши за полевање – тоа е недозволиво во овие услови“, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Претпријатието ги отфрли обвинувањата што дојдоа од страна на раководството на болницата и потенцираше дека се работи за неоправдани напади.

Сепак, со цел да се овозможи минимален пристап до вода за најмладите пациенти, пред објектот е поставена цистерна со питка вода.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манастирот Сумела во Северна Турција – голема туристичка атракција

Следно

Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop