Во знак на протест против израелските напади врз Газа стотици демонстранти се собраа во Стокхолм

June 29, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Стотици демонстранти се собраа на 28 јуни во населбата Оденплан во Стокхолм, главниот град на Шведска, марширајќи кон парламентот, осудувајќи ги воените операции на Израел врз Газа и апелирајќи на итен и безусловно прекин на огнот, известува Анадолу.

Учесниците носеа палестински знамиња и извикуваа слогани „Израел надвор од Газа“ и „Итен прекин на огнот веднаш“. Демонстрантите повикаа на прекин на тековниот конфликт и изразија револт кон бројот на цивилни жртви предизвикани од израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа.

– Израелски напади врз Појасот Газа

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива против Газа од октомври 2023 година. Во досегашните израелски напади убиени се над 56.300 Палестинци, воглавно жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против палестинската енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско езеро откако им се скршил дел од едрилицата

Следно

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Latest from Blog

Телеграф: Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување

Почна да се гради уште еден објект – нова зграда за администрацијата на Општина Тетово што ќе чини речиси 1,4 милиони евра

До зградата на Општина Тетово неделава почна да се гради уште еден објект за општинската администрација. Станува збор за објект за кој општината треба да плати речиси 1,4 милиони евра. За да
Go toTop