Во земјотресите во Мјанмар досега загинаа 3.564 лица

April 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на луѓето што ги загубија животите во двата земјотреса со 7,7 и 6,4 степени што го потресоа Мјанмар се зголеми на 3.564, известува Анадолу.

Според агенцијата Синхуа, соопштението е издадено од Државниот административен совет на Мјанмар (САЦ), административно тело на воената влада во земјата.

Во соопштението се наведува дека бројот на лицата што ги загубиле животите во земјотресите се зголемил на 3.564, а има 5.012 повредени.

Тимовите за пребарување и спасување продолжуваат со работа и бараат повеќе од 200 лица што се пријавени за исчезнати.

Противпожарната бригада на Мјанмар објави дека екипите за пребарување и спасување извадиле тела на 10 лица од урнатините на зграда во Мандалај, втор град по големина во земјата.

Во соопштението се наведува и дека тимовите што дошле на помош од Сингапур, Малезија и Индија завршиле со работа и се вратиле во своите земји.

– Земјотресите во Мјанмар

Два земјотреса со јачина од 7,7 и 6,4 степени на 28 март го потресоа подрачјето во близина на регионот Сагаинг, во централниот дел на Мјанмар.

Земјотресите биле почувствувани и во соседните земји Тајланд и Кина и предизвикале големи разурнувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

15 години „Аџибадем Систина“ – ги менуваме стандардите за медицинска грижа

Следно

ВО МСУ НА 8 АПРИЛ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА СО ДЕЛА НА ФРАНЦУСКИ УМЕТНИЦИ ОД МЕЃУНАРОДНИ КОЛЕКЦИИ

Latest from Blog

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за
Go toTop