Во земјава два случаи на мајмунски сипаници!

May 22, 2025
1 min read

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје беа упатени од клиниката за кожни болести два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.

Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници.

Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др.

Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати.

Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување.

Анкетата е се уште во тек.

Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника. Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата.

Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се превземаат сите потребни мерки.

Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста. Со почит

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Градско се одржаа 58. Регионални спортски пензионерски игри од југот

Следно

Израелските воени авиони извршија серија воздушни напади во јужен Либан

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop