Во затвор почина рускиот опозиционер Алексеј Навални

February 16, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Руската казнено-поправна служба денес соопшти дека опозицискиот политичар Алексеј Навални починал во затворската колонија во која ја отслужувал казната, известува Анадолу.

Службата наведе дека Навални ја загубил свеста по прошетката низ арктичкиот Јамало-Ненецки Автономен Округ, каде се наоѓа колонијата.

Во соопштението се вели дека одделението веднаш повикало Итна помош и ги презело сите потребни мерки за реанимација, но безуспешно.

„Лекарите на Итната медицинска помош констатирале смрт на осудениот“, соопшти затворската служба.

​​​​​​​Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, изјави дека лекарите треба да ја утврдат причината за смртта на Навални.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поголемите субвенции во земјоделството не го зголемија производството

Следно

Почина Алексеј Навални, руски активист и критичар на Владимир Путин

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop