Во Виетнам и тајкуни ќе висат за корупција

April 14, 2024
1 min read

На судењето кое започна 5 март, а заврши порано од очекуваното, Лан, прв човек на компанијата Ван Тин Фат холдинг (ВТП), е прогласена за виновна за проневера на пари, поткуп и прекршување н банкарските правила.

Освен смртната казна за проневера, Лан добила и уште четириесет години затвор (вкупно) за поткуп и прекршување на банкарските правила.

Лан е прогласена за винова за вадење на над 12,5 милијарди долари од СЦБ (Saigon Joint Stock Commercial Bank) која таа ја контролира преку мрежа на компании и претставници. Едно од обвиненијата за мито е дека на висок инспектор од централната банка на Виетнам му има исплатено 5,2 милиони долари. Инспекторот е осуден на доживотна казна затвор.

Смртната казна за Лан до сега е пикот на кампањата што владата на Виетнам ја спроведува за искоренување на корупцијата во земјата.

Виетнам иако има смртна казна таа исклучително ретко била досудувана за економски криминал. Казната се смета за сигнал дека владата ќе ја засили својата борба против корупцијата која почна во 2013. До 2018 кампањата беше фокусирана само на државниот апарат, а потоа се прошири и на приватниот сектор.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот изрази голема загриженост поради иранскиот напад врз Израел

Следно

Светските лидери ги осудија иранските напади врз Израел

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop