Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

April 30, 2025
1 min read

Попладнево околу 15 часот на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете.

Како што информираат од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешата Општа болница.

Д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница вели дека на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи  како и рентген снимања  и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.

Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило  детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

Следно

Туркије пред МСП: Меѓународната заедница падна на тестот за Газа, Тел Авив го користи гладот ​​како оружје

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop