Во утринските израелски напади врз Газа загинаа 55 Палестинци

October 31, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 55 Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа рано утринава, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Во воздушен напад беше погодена куќа во градот Рафах во јужниот дел на Газа, при што загинаа девет лица, а неколку беа повредени, јави палестинската новинска агенција ВАФА.

Во напад на зграда во градот Заваида во центарот на Газа, според извештаите, загинале 18 лица.

Уште седуммина загинаа, а десетици беа повредени во воздушен напад врз куќа во областа Зејтун во Централна Газа, додека 18 беа убиени во друг напад врз зграда во градот Рафах, објави ВАФА.

Во израелското бомбардирање на северот на Газа загинаа уште три лица, меѓу кои и едно шестгодишно дете, а деветмина беа ранети.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во конфликтот загинаа повеќе од 9.800 луѓе, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Избрана е 44. Влада на Црна Гора, нов премиер е Милојко Спајиќ

Следно

Ќерката на Мира Дизел вработена во ГОБ „8 Септември“, болницата станува дувло на партиски кадри на СДСМ

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop