Во услови на зголемени општествени тензии, Кремљ ги брани „традиционалните вредности“

January 18, 2024
3 mins read

Пред два дена, за време на состанокот со општинските претставници од целата земја, рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше тоалетите во странските земји.

„Заеднички бањи за момчиња и девојчиња или нешто слично, тоа стана обична, секојдневна работа“, рече тој, пред да го додаде неоснованото тврдење дека многу Руси кои претходно ја напуштиле земјата, почнале да се враќаат дома, токму поради ова прашање.

„Многу е тешко луѓето со традиционални, нормални човечки вредности да живеат под такви околности“, тврди Путин.

Неговите коментари следуваа само неколку дена откако гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов ги посети војниците кои биле ранети борејќи се во Украина и потоа на Телеграм напиша дека „тие луѓе разбираат зошто се бориме“.

„Не треба да им ги објаснувате вредностите што ги браниме на овие момци кои виделе училишни тоалети каде наместо две бањи, една за момчиња и една за девојчиња, имаше три бањи: за девојчиња, момчиња и родово неутрални ,” напиша Беглов на Телеграм.

Ваквите изјави предизвикаа бран на потсмев на руските социјални мрежи, при што некои Руси шпекулираа дека третите бањи во украинските училишта, ако навистина постојат, се наменети за наставниците, а други забележуваат дека таквите поплаки изгледаат чудни со оглед на тоа што според државната статистика, повеќе од една петтина од руските домаќинства немаат внатрешни тоалети.

„Да бев Беглов, ќе „пролеев крв“ за нешто сосема друго“, напиша на Фејсбук новинарот и блогер Александар Котс.

„Во Русија, најмалку 20 отсто од населението сè уште има тоалети надвор од куќата. Но, чуварите на империјата претпочитаат да ги учат своите соседи како да одат во тоалет, наместо самите да направат тоалети, наместо дупка во земјата.

Контрола на пораката

Но, „тоалетната реторика“ доаѓа на почетокот на неконкурентната, високо контролирана претседателска кампања, која Кремљ ја гледа како шанса да се покаже јавна поддршка за Путин (71) и за целосната инвазија на Украина што тој ја започна во февруари 2022 година.

За владата, кампањата „претставува предизвик бидејќи режимот мора да покаже целосна волја и целосна способност да управува со општествените процеси“, коментира политичкиот аналитичар Кирил Рогов.

„Војната е непопуларна. Путин е на крајот од кариерата и луѓето се уморни од него. Тој не ветува ништо за иднината“, изјави тој за руската служба на Радио Слободна Европа.

Настаните од последните недели ја тестираа способноста на Кремљ да ги контролира пораките како што се приближуваат претседателските избори во март. Протести на роднините на мобилизираните војници се појавија низ целата земја. Десетици илјади Руси ширум земјата останаа без греење или топла вода среде длабоката зима, бидејќи застарената и лошо одржуваната инфраструктура пропаѓа.

Како што се приближува целосната инвазија во третата година, а војната е во ќор-сокак и бележи засрамувачки неуспеси за Русија. Во прилог на ова е тврдењето на Киев на 15 јануари дека соборила воздухопловно радарски авион А-50 вреден 300 милиони долари и потонал десантен брод на руската морнарица во окупираното кримско пристаниште Феодосија во декември 2023 година.

Спротивставување на „сатанистичкиот“ запад

За Кремљ, велат аналитичарите, ваквите случувања ја зголемуваат атрактивноста на свртувањето кон наративи за „родово неутрални тоалети“ и „традиционални вредности“, потврдувајќи ги уште поодлучно тврдењата на Путин за неиспровоцираната инвазија на Русија на Украина како дел од одбранбената битка за заштита на Русија и остатокот од светот од она што тој го нарекува декадентен, неморален, премногу либерален Запад.

На пример: Во интервју за „The Spectator“ претходно овој месец, екстремно десничарскиот про-Кремљ идеолог Александар Дугин го опиша рускиот напад врз Украина како „еден вид религиозен чин“ и „почеток на борбата против сатаната“.

Во јули 2023 година, Русија ги забрани родовите транзиции, ги поништи браковите во кои едно лице „го променило полот“ и им забрани на трансродовите лица да посвојуваат деца.

Во ноември 2023 година, рускиот Врховен суд го потврди барањето на Владата да го наведе непостоечкото „меѓународно социјално движење ЛГБТ“ како „екстремистичка“ организација.

„Со својата одлука, Врховниот суд им дозволи на органите за спроведување на законот да ја применат целосната сила на анти-екстремистичката легислатива за ЛГБТ луѓето, нивните поддржувачи и оние кои се вклучени во ЛГБТ иницијативите“, рече адвокатот Макс Оленичев, кој работи со ЛГБТ клиенти.

„И законите против екстремизмот се крајно аморфни. Со влегувањето во сила на одлуката, ЛГБТ стереотипите ќе се зајакнат во руското општество“, додава адвокатот.

„Лош сон на разузнавачките агенти“

Фјодор Ципилев, ЛГБТ активист кој ја напушти Русија пред две години, се согласува, велејќи дека активностите на владата довеле до „активирање на маргиналните сили“ во општеството, досега првенствено онлајн.

„Но, во иднина ова се повеќе ќе се поместува „офлајн“. Ризиците за ЛГБТ луѓето, и не само за нив, само ќе растат. Хомофобите јавно добија зелено светло“, вели Ципилев.

Виталиј Бовар е поранешен општински пратеник во Санкт Петербург, кој се спротивстави на војната против Украина и јавно зборуваше против навредувањето на ЛГБТ заедницата.

„Овие хомофобични и трансфобични закони во пракса се геноцид и обид да се уништи човековата различност во Русија. Нашето општество падна во лошиот сон на старите „чекисти“ изјави тој за РСЕ, користејќи термин со кој се опишуваат агенти на руските безбедносни органи.

„И јас не зборувам само за Путин“, рече тој, мислејќи на фактот дека претседателот долги години беше агент на советската КГБ и во 1990-тите беше на чело на Федералната служба за безбедност.

„Тој сам не ги иницираше овие закони“, заклучува Бовар.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Богојавление, 19 јануари, неработен за граѓаните од православна вероисповед

Следно

Од први февруари, еврото единствена валута во Косово

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop