Во Украина повредени најмалку 13 лица во вчерашното соборување на руски проектили и беспилотни летала

May 31, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Најмалку 13 лица се повредени вчера во Украина кога беа соборени неколку проектили и беспилотни летала лансирани од Русија, изјави командантот на воздухопловните сили Никола Олешчук, јавува Анадолу.

Според неговите зборови, противвоздушната одбрана соборила седум проектили и 32 беспилотни летала.

Тој истакна дека беспилотните летала биле соборени над регионите Хмелницки, Дњепропетровск, Черкаси, Кировоград, Запорожје, Одеса, Керсон, Киев и Виница.

„Осум проектили беа лансирани во регионот Харков“, додаде тој.

Гувернерот на Керсон, Олександр Прокудин, на Телеграм објави дека шест лица биле повредени во регионот бидејќи неколку населби биле под оган, а четири приватни куќи биле оштетени.

Гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, изјави дека седум лица биле повредени во административниот центар на регионот откако проектил ја погодил двокатната управна зграда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажна е дојавата за бомба во Палатата на правдата во Крагуевац

Следно

Тркала на трагедијата – смртноста на патиштата над европскиот просек

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop