Во Тетово има до 1.000 кучиња скитници?! 14 каснувања од улични кучиња во 2025 година

May 21, 2025
1 min read

Заклучно со месец мај оваа година, во градот Тетово 14 граѓани биле каснати од кучиња сктиници. Сите овие случаи се пријавени во полициската станица во Тетово. Според податоците на СВР Тетово, во 2024 година вкупно 54 граѓани пријавиле каснување од улични кучиња, додека во 2023 година се регистрирани 65 такви случаи.

Каснувања од кучиња сктиници пријавени во СВР Тетово:
2021 – 57 случаи
2022 – 49 случаи
2023 – 65 случаи
2024 – 54 случаи
до 20.05.2025 – 14 случаи

Од центрите што се занимаваат со третирање на кучиња скитници информираат дека во 2024 година биле третирани вкупно 204 кучиња. Од нив, 164 биле вратени на улица по третманот, а 40 биле усвоени и згрижени од граѓани.

Ветеринарот, Ане Апостоловски вели дека во градот Тетово според проценката, би можело да има од 700 до 1.000 кучиња сктиници.

Во јуни истекува договорот на ова прифатилиште со Општината Тетово. Од таму велат дека договорот ќе биде продолжен, но не соопштуваат колку средства се потрошени во 2024 година за третман на кучиња сктиници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Малите културни средини како македонската не растат во широчина, но се креваат во височина

Следно

„Секое дете, секое бебе во Газа е непријател“, изјави поранешен пратеник од крајната десница во Израел

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop