Во тешка енергетска криза: МЕПСО ќе потроши 20.000 евра за перење возила

January 18, 2023
1 min read

МЕПСО нарачува 5.600 перења на коли за две години, што се 233 перења месечно или дури 8 перења дневно ако се земат в предвид и викендите кои главно се неработни. Во време на најголема енергетска криза, државниот електропреносен оператор МЕПСО планира да потроши речиси 20 илјади евра на перење и чистење на службените возила. Пред една седмица компанијата склучила двегодишен договор со фирмата со седиште во Шуто Оризари Европа Турс ДООЕЛ. Она што е зачудувачки во овој договор не е цената од 185 денари по перење, туку бројот на перења. Во договорот не е наведено за колку возила ќе се платат речиси 20 илјади евра за перење и течности за дотур на брисачи. Се знае само дека ќе се потрошат 12 илјади евра за 4 илјади перења на коли и 4.500 евра за 1.500 перења на теренските џипови. Фирмата ќе плати и 35 хемиски чистења. Дополнително ќе се потрошат и три илјади евра за 6 илјади литри зимска и летна течност за брисачи, анализира АЛФА.

Одговор и од МЕПСО. Тоа што Договорот гласел на 20 илјади евра , не значело дека во целост ќе се реализира.

„Договорот по спроведена јавна набавка за услуги-перење на возила кои се во сопственост на АД МЕПСО е двегодишен сукцесивен договор со максимално предвидени количини што значи дека АД МЕПСО како Договорен орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира, а со тоа не е во обврска да ја реализира вкупната вредност на овој Договор. Договорот се однесува на 65 лесни патнички возила, 36 теренски возила ( џипови) и 4(четири) Фиат Дукато (патар)“ – велат од МЕПСО.

МЕПСО е една од државните компании кои со години наназад беше посочувана во јавноста дека недомаќински троши пари. По скандалот со тендерот за купување фотелји од природна телешка кожа, следуваше и оглас за авионски билети во вкупна вредност од дури 84 илјади евра.

Ништо подобро не стои ниту АД ЕСМ. Државните електрани се постојано во фокусот со набавките и ангажирањето фирми за астрономски суми за ископ на јаглен, поправки и оддржување на далекуводите, погонски материјали и слично. Последен скандал во низата беше подновувањето на возниот парк во време на енергетска криза. Преку 4 јавни набавки, ЕСМ при крајот на минатата година потроши 850 илјади евра за купување на 16 џипови и комбиња. ЕСМ лани доби 200 милиони евра, а годинава ќе добие и поголема сума од државниот буџет, односно од парите на граѓаните и фирмите за справување со енергетската криза.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени имињата на жртвите: Со украинскиот министер загинале и други функционери

Следно

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

Latest from Blog

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop