Во судир на возови во Источна Индија загинаа најмалку осум лица

June 17, 2024
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку осум патници загинаа, а 25 се повредени откако патнички воз удри во товарен воз во Источна Индија, соопштија властите денес, јавува Анадолу.

„Досега имаме осум жртви, а околу 25 се повредени и пренесени се во блиските болници за медицинска помош“, рече Сабјасачи Де, претставник на индиската железница.

Тој рече дека возот Канчанџунга експрес бил удрен во задниот дел од товарен воз. „Зошто се случи тоа е прашање на кое ќе се одговори откако ќе заврши деталната истрага“, додаде тој.

Државната министерка Мамата Банерџи рече дека екипите за катастрофи итно заминале на местото на несреќата.

Премиерот Нарендра Моди рече дека е жално што дошло до железничката несреќа.

„Сочувство до оние што ги загубија своите најблиски“, напиша тој на X, додавајќи дека министерот за железници Ашвини Ваишнав е на пат кон местото на несреќата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чизкејк на њујоршки начин: Најпознатиот колач со сирење кој се топи во уста

Следно

Ердоган разговараше со малезискиот премиер Ибрахим

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop