Во Струга поскапе водата, граѓаните: „Плаќаме за партиски вработувања!“

January 23, 2024
1 min read

Во Струга поскапеа сметките за вода. За граѓаните тие се повисоки за 35 отсто, а за фирмите за дури 57. Исто така цената за прифаќање и отстранување фекална вода за домаќинствата се зголеми за дури 80%, а за фирмите за 90. За ваквата одлука гласале советниците од СДСМ и ДУИ. Граѓаните се револтирани. Велат дека ова е уште еден удар врз нивниот џеб и се сомневаат оти всушност плаќаат за партиски вработувања во комуналното претпријатие.

„Не е убаво. Не е за мене зошто јас живеам во странство. Ама за овие што живеат овде со овие мали плати не е добро. Не е само водата што ја поскапуваат, на сите страни нема контрола…“, оценуваат граѓаните.

„…Кој ги прашува граѓаните, се знае – никој ништо. Кој како сака така си прави. Премногу е за овие денешни услови, премногу е, тоа е многу…“, додаваат тие.

„Струга тоа да го прави. Разбирам тоа да го прави Берово, каде нема вода, но Струга не знам. Со тоа ние финансираме партиски вработувања, со цената на водата, ѓубрарината…“

„Јас живеам во Швајцарија, но овде нема алтернатива цените да бидат намалени. Секогаш кога доаѓам, цените само се зголемуват. Не знам како живее овој народ овде…“, вели еден гостин од Швајцарија.

„Јас живеам во Радолишта. Саат и броила имаме, а тие ни пуштаат паушални сметки по 700 денари. Има луѓе кои само две недели ја користат водата во Радолишта, кога доаѓаат на одмор, а тие земаат секој месец по 700 односно 675 денари“, реагираат граѓаните.

А, иако цените се зголемуваат, подобри услуги за граѓаните нема, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Има екстремна амортизација на водоводната и канализациската мрежа. Сè уште во некои делови има азбестни цементни цевки. Водоводната мрежа често има проблеми во работењето. Цели населби немаат вода и има проблеми со чистотата и квалитетот на водата“, велат од Алијанса за Албанците.

Директорот на Јавното водоводно претпријатието, Дашмир Насуфи, вели дека цената на водата не ја определува општината, туку Регулаторната комисија врз основа на податоците и трошоците што ги доставила локалната власт. Инаку и покрај повисоките цени на сметките, претпријатието постојно трупа долгови. Во моментов долгот изнесува 3 милиони евра.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Еврејски мудрости кои ќе ви ги отворат очите

Следно

Кремљ соопшти дека подготовките за посетата на Путин на Туркије се во тек

Latest from Blog

Николоски: Кичево е Македонија, а Александар Јовановски ќе биде нов градоначалник

Кичево е Македонија! 🇲🇰 Оваа прекрасна изборна кампања ја завршувам вечерва во Кичево! Д-р Александар Јовановски ќе биде новиот градоначалник. Ќе се посветиме со сите сили за целосен препород на Кичево! Масовно

Тоневски: Време е за нов почеток и вистински развој во Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, ја заврши својата изборна кампања со порака до граѓаните дека во недела следува вистинското време за одлука. „Во недела Пробиштип ќе добие нов градоначалник.

Дали проклетството го “фати“ и Дуе?!

ФОТО: FC PSG/FB Голем удар за ПСЖ, за тимот на стратегот Луис Енрике. Имено младиот напаѓач Дезире Дуе, кој игра во фантастична форма, се повреди и не ќе може извесно време да

Судот ја блокира одлуката на администрацијата на Трамп за суспендирање на купони за храна

Федерален судија во американската држава Род Ајленд денес привремено ја блокираше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за суспендирање на купоните за храна за милиони Американци во услови на тековно
Go toTop