Во стампедо на ученички карневал во Југозападна Нигерија загинаа 32 деца

December 19, 2024
1 min read

ЛАГОС (АА) – Најмалку 32 деца се потврдени за загинати во стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија денес властите, јавува Анадолу.

Инцидентот се случил вчера во исламското средно училиште Башорун во главниот град Ибадан.

Портпаролот Дотун Ојелиса за новинарите потврди дека загинале 32 лица и додаде дека бројката може да варира по целосниот брифинг на полицијата.

Контактиран за нови информации, портпаролот на полициската команда на државата Ојо, Адевеле Осифесо, рече дека сè уште трае утврдувањето на точниот број жртви.

Анадолу дознава дека карневалот го организирала невладината организација „Жени во потреба на лидерство и поддршка“, а нејзината основачка Наоми Силекунола наводно е на полициско сослушување.

Омолева Азиз, сведок што бил на местото на настанот заедно со својот седумгодишен син, за Анадолу изјави дека пристигнала во 6 часот наутро кога видела толпа луѓе што се обидувале да влезе во просториите каде што се одржувал карневалот, каде што немало доволно обезбедување.

„Многу луѓе паднаа и беа прегазени, а други се онесвестија поради силниот притисок на толпата“, рече таа.

Според јавувањето на радиото за настанот, организаторите најавиле храна и подароци за 5.000 деца, но на настанот дошле 8.000 уште во 5 часот наутро.

Повеќе извори од местото на настанот рекоа дека жртвите биле згмечени до смрт од толпата додека се обидувале да се пробијат низ главниот влез на просториите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Заложбите за европски вредности на СДС и ДУИ паднаа во вода, наместо да молчат, СДС и ДУИ да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата

Следно

Туркије фокусирана кон квантното компјутерство со планови за производство на чипови суперспроводници

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop