Во Србија повторно протече амонијак, 10 лица префрлени во болница во Панчево

January 13, 2023
1 min read

Полицијата и пожарникарите ги евакуирале сите граѓани кои живеат во близина и го обезбедиле местото

Во населбата Топола кај јужната индустриска зона во Панчево, Србија, синоќа околу 23 часот дошло до протекување на амонијак од цистерна, а 10 лица со полесни повреди се пренесени во Општата болница Панчево. Од нив, двајца се на кислородна поддршка, пренесуваат српските медиуми.

Останатите имале полесни проблеми со горните дишни патишта, а никој засега немал симптоми на труење.

Веднаш по инцидентот, полицијата и пожарникарите ги евакуирале сите граѓани кои живеат во близина и го обезбедиле местото.

Агенцијата Танјуг јавува дека протекувањето се случило на паркинг на една од фирмите во тој дел од градот, каде била паркирана цистерната.

Интервенцијата на полицијата и пожарникарите на местото на инцидентот е завршена, но противпожарни екипи и понатаму дежураат на местото за да се следи состојбата.

Кон крајот на декември 2022, пак, исто така имаше големо истекување на амонијак во Србија. Тогаш товарен вагон се преврте во близина на селото Станичењ кај Пирот, поради што беше прогласена и вонредна состојба, а над 50 лица завршија во болница со симптоми на труење.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците од Гази Баба заминаа на зимски училишен камп

Следно

Акција против криминални групи во онлајн инвестициска измама во Германија, Србија, Кипар и Бугарија

Latest from Blog

Германските бродосопственици ја критикуваа одлуката на владата да не се испраќа морнарицата во Заливот

„Бевме изненадени кога ја примивме веста дека Германија нема да учествува во евентуалната мисија за заштита на трговските бродови во Заливот“, објави Здружението на германски бродосопственици (VDR). Во соопштението за медиумите се

Меџити: Дрвјата од кампусот на „Мајка Тереза“ ќе добијат нов дом во паркот „Рилиндија“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека покрај инфраструктурните инвестиции и развојните проекти во општината, локалната власт посветува посебно внимание и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Како
Go toTop