Во сообраќајна несреќа повредени маж и две малолетни девојчиња

November 2, 2024
1 min read

Три лица се повредени вчера вечерва во сообраќајната несреќа што се случи околу 20 часот и 15 минути на автопатот Тетово – Гостивар на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово, информираа од СВР Тетово.

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар од 20:30 часот сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента.

Три лица се повредени вчера вечерва во сообраќајната несреќа што се случи околу 20 часот и 15 минути на автопатот Тетово – Гостивар на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово, информираа од СВР Тетово.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победи на Алкалоид и Тиквеш во ракометната Суперлига

Следно

Зимата полека доаѓа во Македонија, во овој град утрово температурата во минус

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop