Во Собранието ќе се одржи годишниот состанок на Постојниот комитет на ПС на НАТО

April 5, 2025
1 min read

Постојаниот комитет на ПС НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации, денеска во македонското Собрание ќе го одржи редовниот годишен состанок.

Постојаниот комитет својата работа ќе ја започне во 9 часот наутро, и ќе трае до 18:00 часот, а согласно правилата за работа на Парламентарното собрание на НАТО, работниот дел на овие состаноци е од затворен карактер. 

Овој состанок, кој Собранието заеднички го организира со ПС на НАТО, претставува значаен настан со кој се манифестира посветеноста на Македонија кон евроатлантските вредности во контекст на 5-годишнината од полноправното членство во НАТО.

Во пресрет на утрешниот состанокот на Постојниот комитет на ПС на НАТО кој годинава заседава во Собранието на РС Македонија, претседателот на Парламентот, Африм Гаши, вчера попладне оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело, кој е во Скопје.

Гаши, на средбата изразил задоволство што таа се реализира токму на Денот на НАТО, односно кога се одбележува 76-годишнината на Алијансата. Тој посочи и дека Македонија минатата недела одбележа мал јубилеј, односно пет години од полноправното членство во НАТО, што симболизира и петгодишна целосна посветеност на евроатлантските вредности и вложување во нашите воени капацитети.

Според соопштението од собраниската служба, доставено до медиумте пишува дека Гаши и Перестрело размениле мислења и за значењето на парламентарната димензија на НАТО. Во тој контекст било посочено дека ПС на НАТО, исто така, одбележува јубилеј – 70 години постоење, што ќе биде соодветно одбележано на Самитот на Алијансата во Брисел, во јуни. аа

Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и Парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата. 

ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од медитеранските асоцијативни земји членки, како и парламентарни набљудувачи од други земји и  парламентарни собранија (ПС на ОБСЕ и ПС на СЕ) и делегација од ЕП, кои, исто така, земаат учество во неговите активности. Собранието претставува критички форум за меѓународен дијалог на парламентарци за стратешки и безбедносни теми од заеднички интерес на НАТО.

Од Делегацијата на Собранието во ПС НАТО учество ќе земат шефот на Делегацијата, Драган Ковачки и заменик-шефот на Делегацијата, Антонијо Милошоски.

Предвидени се обраќања на претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски и на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челси тргнува по Рафаел Леао

Следно

Два протестни марша денес во Кочани

Latest from Blog

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува
Go toTop