Во Скопје почина 14 месечно бебе, родителите тврдат дека неколку пати била одбивана хоспитализација

October 5, 2024
1 min read

14-месечно бебе еколку пати било била одбивана хоспитализација на Клиниката за детски болести, по што родителите се упатиле кон „Козле“. Таму состојбата се влошила и било вратено на Клиниката за детски болести и итно хоспитализирано. По неколку часа на интензивна нега, подлегнало на последиците од бронхопневмонија и починало.

„Се обидував цело време, во секој дел одделение на болницата, но не ја примаа мојата ќерка. Со причина дека таа е добра. Денеска ја испраќам кај Господ, таму каде што е единствената праведност. Ова е држава која никогаш не била и никогаш нема да биде.“, коментирал на социјалните мрежи таткото на девојчето.

Бебето било примено со тахикардија и ниска сатурација, вели директорот на детска клиника Реџеп Мемеди. Докторите го реанимирале, но безуспешно. Телото на бебето е дадено на обдукција.

„Во текот на интубација направило кардија карест, потоа реанимирано по проткол, но без одговор на реанимационата постапка, егзитирало во 04:20 минути. За сите дилеми и околу потенцијално пропусти, релевантните институции ќе преземат соодветни мерки и тие ќе излезат со заклучоци“, рече Реџеп Мемеди, директор на Детска Клиника.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат најави дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор.

„Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор“, изјави Кирил Лазаров, директор на ДСЗИ.

На детската клиника сè уште хоспитализирано е и новороденчето од Куманово кое се бори живот, откако почина неговата мајка за време на пораѓање.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Следно

Николоски: Во фаза е изградба на експресен пат Ранковце – Крива Паланка

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop