Во синоќешните израелски напади на Појасот Газа загинаа 32 Палестинци

January 5, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската Армија уби најмалку 32 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, во нападите што ги изврши од синоќа во окупираниот Појас Газа, јавува Анадолу.

Како што јавува палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија од синоќа изврши жестоки воздушни и копнени напади врз централните и јужните делови на Појасот Газа.

Двајца Палестинци загинаа во воздушен напад на израелската Армија врз куќа во градот Аз-Зувајде во централниот дел на Појасот Газа, а тројца Палестинци загинаа во напад во регионот Ал-Маваси.

Во воздушните напади на различни делови на Кан Јунис загинаа шест Палестинци. Израелските авиони извршија воздушни напади и врз градот Рафа.

Во воздушен напад врз куќата на семејството Абу Санџар во Рафа, загинаа пет Палестинци, а многумина се повредени.

Исто така, во нападите на израелската Армија во централните делови на Газа загинаа 16 лица, а во нападите беа повредени десетици Палестинци, меѓу кои и жени и деца.

Многу Палестинци се останати под урнатините по израелските напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каселакис со предлог-закон за истополови бракови во Грција: Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред

Следно

ЈО: Се преземаат мерки за расчистување на настанот во Контрола на летање

Latest from Blog

Според “Марка“: Флик го убедил Бастони за трансфер во Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Сега веќе и дефинитивно Алесандро Бастони, ја отвори вратата за можен трансфер во Барселона за време на претстојниот летен преоден рок. Според информациите од шпанското издание „Марка“, дефанзивецот на Интер е

Туфегџиќ: Не е логично обвинител да продолжи да постапува по предмети од друго обвинителство

Скопје, март 2026 – Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за
Go toTop