Во Шпанија на сила превентивни мерки поради бурата Мартињо

March 22, 2025
1 min read

МАДРИД (АА) – Шпанија имплементира обемни превентивни мерки против бурата Мартињо, каде силните ветрови и обилните врнежи ја зафатија целата територија на земјата, јавува Анадолу.

Над 400 жители на блиските подрачја долж реката Манзанарес во Мадрид се евакуирани поради ризиците од поплави.

Брзината на ветрот достигна до 100 километри на час во северните делови на Шпанија, според Шпанскиот метеоролошки институт.

Во шпанската престолнина Мадрид регистрирани се поголеми количини дожд овој месец од кога било од 1893 година, според метеоролошката станица Ретиро.

Мартињо е четвртата голема бура што ја погоди Шпанија во изминатите две недели.

Минатиот октомври, рекордни врнежи од дожд предизвикаа досега незабележани поплави во кои загинаа околу 230 луѓе и опустошија големи делови од Валенсија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

81-годишен маж измамен за 60 илјади денари во сопствениот дом!

Следно

Фудбалерите излегоа на загревање со црни маици „Кочани“ (ФОТО+ВИДЕО)

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop