Во Шпанија 4,3 милиони луѓе живеат под прагот на сиромаштија

December 4, 2024
1 min read

МАДРИД (АА) – Истражувањето објавено во Шпанија покажа дека социјалната нееднаквост во земјата е зголемена последниве години и дека во моментов 4,3 милиони луѓе живеат под прагот на сиромаштија, јавува Анадолу.

Во истражувањето спроведено од Фондацијата „Каритас Фоеса“ за интеграцијата и социјалните потреби наведено е дека 9,4 милиони луѓе во Шпанија се на раб на сиромаштија низ целата земја, од кои 4,3 милиони се под прагот на сиромаштија.

Истражувањето покажа дека само 45 отсто од шпанската популација е целосно интегрирана, а стапката на оние што живеат на или под прагот на сиромаштија се зголемила за осум отсто во однос на 2018 година.

Според податоците, како еден од главните фактори на социјалната нееднаквост се издвојува станбениот проблем.

Истражувањето покажа дека секое четврто домаќинство во земјата во моментов се соочува со станбен проблем предизвикан од цените за најмување и продажба на куќи, кои значително пораснаа последниве години.

Констатирано е дека пазарот на недвижен имот принудило многу домаќинства да направат сериозни отстапки за задоволување на другите основни потреби, а 14 отсто од населението (6,8 милиони луѓе) останаа под прагот на сиромаштија кога трошоците за домување беа исклучени од вкупниот приход на семејствата.

Оваа стапка достигна 50 отсто во големите градови како Мадрид и Барселона.

Се наведува дека социјалната исклученост поради сиромаштија погодила 54,6 отсто од семејствата што живеат во градовите, а нејзино зголемување е регистрирано и во руралните средини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО: Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Следно

Индира Кастратовиќ влегува во Куќата на славните на ЕХФ

Latest from Blog

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023

Емиратите го обвинуваат Иран за напад врз танкер во Ормутскиот теснец: Го нападнаа со дронови

Поморската логистичка единица на АДНОК објави дека танкерот Барака бил празен кога бил нападнат од два беспилотни летала и дека немало извештаи за повредени. „ОАЕ дополнително ја нагласи потребата Иран да ги

Ново соопштение од Општина Прилеп: Важни информации за граѓаните

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени
Go toTop