Во седум масовни гробници во болниците во Газа пронајдени над 520 тела

May 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Повеќе од 520 тела се пронајдени во седум масовни гробници во болниците во Газа, објави денес Министерството за здравство во палестинската енклава, јавува Анадолу.

„Пронајдовме 80 тела во три масовни гробници во дворовите на медицинскиот комплекс Ал-Шифа и уште десетици на болничките одделенија“, се наведува во соопштението на Министерството.

Испитувањето на телата ексхумирани од масовните гробници покажа дека најголем број тела се на пациенти на кои им била лишена здравствената заштита, се додава.

Израел започна војна во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади врз Газа загинаа речиси 35.000 Палестинци, главно жени и деца, и предизвикана е огромна хуманитарна катастрофа.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, додека 85 отсто од населението на енклавата е внатрешно раселено.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Честитка до Мицкоски од МД „Илинден” и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите

Следно

Големи поплави во Авганистан, бројот на загинати расте

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop