Во Република Кипар легално живеат над 170.000 државјани на трети земји – најбројни се Русите

November 11, 2025
1 min read

Во Република Кипар, заклучно со 30 септември во важност се вкупно 175.677 дозволи за престој, со што исто толку државјани на трети држави легално живеат во земјата, а од нив, убедливо најбројни се Русите со 40.735 дозволи, според податоците од заменик-министерот за миграција Николас Јоанидис.

Презентирајќи го буџетот на Министерството во кипарскиот Парламент, Јоанидис се осврна и на легалната миграција и според податоците, по Русите, на државјаните на Велика Британија им се издадени 16.279 дозволи за престој, од Непал има 15.607 лица, од Индија легално живеат 14.237 граѓани и 12.868 од Сирија, додека пак дозволите за престој на државјани од Кина, Шри Ланка, Филипини, Украина и Египет се под 10.000 за секоја од овие земји.

Останатите 37.810 лица, кои поседуваат легален престој во Република Кипар се од други земји, а најголем број од издадените дозволи за престој се однесуваат на куќни помошници и на општи дозволи за работа.

Јоанидис посочи дека посебен акцент ставаат на зголемување на враќањата на нелегалните мигранти и управувањето со мигрантските бранови.

-До октомври 2025 година, вкупниот број на враќања/заминувања изнесува 10.628, па така се очекува до крајот на годината да биде надминат минатогодишниот рекорден број (10.944 враќања). Дополнително беше изготвена и спроведена специјална програма за враќање на Сиријци. Од декември 2024 до октомври 2025 година, вкупно 4.007 Сиријци си заминаа од Кипар, додека бројот на издадени решенија за враќање за Сиријци беше петкратно поголем од новите барања за азил поднесени од нив, посочи заменик-министерот за миграција.

Во однос на барањата за азил, според податоците, над 16.000 сè уште се во постапка. /МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поплави и проблеми на грчкиот остров Лезбос

Следно

Фото: „Чоколадната убавица“ на НБА ѕвезда

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop