Во пукање во Сомбор ранети двајца полицајци и напаѓачот

June 7, 2023
1 min read

Од српското Министерство за внатрешни работи соопштија дека по пријава за пукање и семејно насилство, на местото на настанот излегле припадници на интервентната полиција и го пронашле мажот П. В. (62), кој потоа испукал неколку куршуми кон полициските службеници

Двајца полицајци и еден осомничен се ранети во престрелка во Сомбор при интервенција на полицијата по пријава за семејно насилство.

Престрелката се случила денеска во попладневните часови на улицата „Стеван Синѓелиќ“ во Сомбор.

Од српското Министерство за внатрешни работи соопштија дека по пријава за пукање и семејно насилство, на местото на настанот излегле припадници на интервентната полиција и го пронашле мажот П. В. (62), кој потоа испукал неколку куршуми кон полициските службеници.

„Во таа прилика се повредени двајца триесет и четири годишни припадници на полицијата. Полицајците при интервенцијата употребиле службено огнено оружје во самоодбрана и го раниле П. В., кој потоа бил хоспитализиран“,

соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ го осуди нападот врз полицајци кои вршеле службена должност и си ги ризикувале животите, со цел, согласно законот, професионално да ги бранат животите и имотот на загрозените граѓани, пред се на семејствата кои повикале поради семејно насилство, но и други жители на Сомбор.

Во Сомбор, кој се наоѓа на северозападот на Србија, живеат околу 50 000 жители.

По двете масовни убиства во Србија на почетокот на мај, во кои 18 лица го загубија животот во одвоени престрелки во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во околината на Младеновац, во Србија започна кампања за легализација на оружјето, која трае до 8 јуни. Според српското Министерство за внатрешни работи, до 5 јуни се предадени речиси 70 000 оружје и муниција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Јасно е дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, но преодна влада никако

Следно

(ФОТО + ВИДЕО) САД: Издадено предупредување за 55 милиони луѓе поради загаден воздух

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop