Во пресрет на седница на Уставниот суд, ДУИ се заканува дека нема да има локални избори ако власта го отвори Законот за јазиците

March 4, 2025
1 min read

„Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори, нема да може да се постават гласачки кутии. Законот не е на ДУИ. Законот е и на оние кои ќе се родат додека изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото не јазикот, ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, изјави Ахмети.

Ахмети од Липково ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Потпретседателот и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи го доплни Ахмети со изјава во која вели: „ќе се создаде длабока политичка криза, која што ќе оневозможи одржувањето на избори без да седнеме уште еднаш?

Минатата година Уставниот суд расправаше по иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици, поради што ДУИ постави шатори пред судот. И покрај расправата, во декември 2024 година, Уставниот суд ја одложи конечната одлука.

Тогаш претседателот на Уставниот суд Дарко Костадоновски најави дека на 20-ти март ќе биде организирана подготвителна седница, додека во меѓувреме се очекува и мислење од Венецијанска Комисија.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, тогаш во декември на прес-конференцијата по завршувањето на седницата истакна дека станува збор за спорно правно прашање и истовремено чувствителна тема, додавајќи дека целта на одлуката е да се соочат аргументите и да им се докаже на граѓаните дека Уставниот суд не подлегнува на какви било притисоци.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Постудено утро, преку ден до 15 степени

Следно

Сончево време со слаб до умерен северен ветер

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop