Во пресрет на грејната сезона: Инспектори од еден град ќе вршат надзор на еколошките дозволи на компаниите во други градови

September 26, 2024
1 min read

Државниот инспекторат за животна средина ќе тргне во акциска контрола на издадените еколошки дозволи, пред се на производните капацитети на територијата на целата држава. Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска најави новитет во контролите пред почетокот на новата грејна сезона.

„Новина во инспекциските надзори ќе бидат мешовити тимови. Инспекторите од еден град, ќе вршат надзори во други градови. На надзорите ќе присуствуваат и вработени од Министерството за животна средина и просторно планирање“, рече директорката Гиновска.

Министерот за животна средина Изет Меџити најави дека ќе почнат со надзорот од скопскиот регион.

„Иницијално ќе се започне со контрола на производните капацитети. Заедно со Инспекторатот ќе бидат посетени најголемите индустриски капацитети во државата, почнувајќи од скопскиот регион. Работните тимови ќе спроведат увиди на терен односно надзор на издадените интегрирани еколошки дозволи со цел да се контролира усогласеноста на условите во дозволата со работата на инсталацијата на терен. Овие активности покрај тоа што имаат за цел контрола на усогласеноста на спроведувањето на национално законодавство исто така имаат за цел да обезбедат кооперативност и подигнување на јавната свест кај сите засегнати страни дека во претстојната сезона мора навремено и континуирано да се дејствува“, рече министерот Меџити.

Прашањето за квалитет на амбиенталниот воздух, според Меџити, е предизвик со кој државата со години се соочува па затоа сакаат навреме да почнат со активности за ублажување на последиците. иако нагласува дека квалитетот на воздухот не е локален проблем и не е проблем на едно министерство. Министерството и Инспекторатот ќе настојуваат активностите за подобрување на состојбата со аерозагадувањето „да бидат инклузивни, да се споделуваат и да се координираат со сите релевантни институции“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Казни за трговците кои не смениле цени, треба да платат 20 илјади евра

Следно

Дерик Роуз објави крај на кариерата

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop