Во последните 24 часа во Газа загинаа 112 Палестинци, билансот се искачи на 27.131

February 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 112 Палестинци загинаа, а 148 се повредени во последните 24 часа во нападите што Израел продолжува да ги спроведува врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

„Израелската окупација (израелските сили) изврши 13 масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 112 загинати и 148 повредени во изминатите 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја пресудата за привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа од 7 октомври во кои загинати се најмалку 27.131 Палестинец, главно жени и деца, а 66.287 се повредени, според палестинските здравствени власти.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено, акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, и 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, според Обединетите нации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекорден супер милионер џекпот: Играч на ВЛТ освои фантастични 20.768.497 денари

Следно

Поранешен инженер на ЦИА осуден на 40 години за објавување информации на Викиликс

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop