Во понеделник нова пресудата за „Титаник 2“

January 17, 2023
1 min read

Кривичниот суд – Скопје в понеделник треба да ја објави првостепената пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија.

Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Обвинителот во процесот Гаврил Бубевски на денеѓниот судски процес побара Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК да бидат прогласени за виновни во случајот „Титаник 2“.

Обвинителот како отежнувачки околности за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги посочи степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот.

За Тачи, Бубевски посочи дека Судот треба да ги цени ако отежнувачка околност директната умисла за поттикнување и околностите во кои е сторено делото, но, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството.

За поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност Бубевски посочи дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности.

Бубевски побара секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело.

Адвокатот на Мијалков, Миле Петровски побара неговиот клиент, како и другите обвинети да бидат ослободени од обвинение. Според него, нема никаков доказ дека Мијалков го сторил делото кое му се става на товар, а тврдењето дека тој го користел своето влијание е конструкција, а не факт потврден со докази.
Вториот бранител на Мијалков, Љупчо Шврговски, изјави дека очекувал Бубевски да го повлече обвинението, бидејќи, според него, обвинителот не треба да ја преиспитува работата на судиите.

– Треба да си ја признае грешката и да го повлече обвинението или вие да донесете ослободителна пресуда. Јас мислев дека јавниот обвинител ќе го направи тоа, но сметам дека вие ќе го направите тоа ќе донесете законита одлука, им порача Шврговски на судијата во процесот Огнен Ставрев.

Обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска негираа вина за изборни нерегуларности до 2013 година. Сите во своите завршни зборови посочија дека работеле стручно и непристрасно, а според нив, обвинителот Бубевски не докажал надвор од разумно сомневање дека тие навистина го сториле делото.

Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведена е Грета Тунберг

Следно

Реконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба 17.1.2023

Latest from Blog

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на
Go toTop