Во Парламентот на Белгија побарано да се бојкотираат производите од нелегалните еврејски населби

November 8, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Во федералниот Парламент на Белгија е претставен нацрт-закон за бојкот на производите произведени во илегалните еврејски населби, известува Анадолу.

Овој нацрт-закон следуваше по бруталните израелски напади на Газа.

Во белгискиот Парламент има сѐ повеќе гласови за бојкот на производите од нелегалните еврејски населби изградени на палестинска територија за време на израелската окупација.

Застапничката на Фламанско-демохристијанската партија, Елс ван Хуф, пред Парламентот го претстави нацрт-законот за бојкот.

Министерката за развојна соработка Каролин Генез од Фламанската социјалистичка партија Воруит најави поддршка на овој закон.

Белгиските медиуми објавија дека Фламанската зелена партија (Зелени), Зелената партија на француското говорно подрачје (Еколо) и Социјалистичката партија ПС, исто така, го поддржаа овој нацрт-закон.

Еколо ги поддржува и санкциите, како што е замрзнување на имотот и забрана за издавање виза за еврејските доселеници и воените злосторници.

Партијата Зелени планира да ѝ предложи на белгиската министерка за надворешни работи, Хаџи Лахбиб, да го отповика белгискиот амбасадор во Израел доколку наскоро не се постигне прекин на огнот.

Европската Унија (ЕУ) во 2015 година започна практика на раздвојување на продуктите произведени во еврејските населби на окупираната палестинска територија и продукти произведени во Израел. Оваа политика им овозможува на потрошувачите во 27 земји членки на ЕУ, кои благодарение на етикетата можат да го откријат потеклото на производот, да ги бојкотираат производите што се увезуваат од нелегалните еврејски населби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК го објави Извештајот за С Македонија: Нема напредок во судството и во борбата против корупцијата, има длабока политичка поларизација

Следно

МОН: изработени се новите наставни програми за седмо одделение, навремено ќе започне постапката за нови учебници што ќе се користат од следниот септември

Latest from Blog

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на
Go toTop