Во новите израелски напади во Либан убиени се 14 лица

October 24, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Најмалку 14 лица се убиени во денешните израелски воздушни напади врз Либан, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Израелски воен авион истрела проектил врз автомобил во областа Алај, источно од Бејрут. Во нападот се убиени две лица, јави државната новинска агенција ННА.

Седум лица ги загубија животите, а 14 се повредени во вториот воздушен напад врз куќа во градот Ходор, во источен Либан.

Напад со дрон е извршен врз мотоцикл во јужниот град Тир, убивајќи едно лице. Во воздушниот напад врз градот Бурџ Калауија во јужен Либан убиен е градоначалникот.

Еден офицер на либанската армија и двајца војници се убиени при евакуација на ранетите во градот Јатер, се вели во соопштението на армијата.

Израел минатиот месец изврши масовни воздушни напади низ Либан врз, како што вели, цели на Хезболах.

Најмалку 2.574 луѓе се убиени од октомври минатата година, објавија либанските здравствени власти.

Израел ја започна својата копнена инвазија врз јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Муртезани: Планот за уставни измени со одложено дејство не е отфрлен

Следно

Го загубија трпението – Манчини веќе не е селектор на Саудиска Арабија

Latest from Blog

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а

Божиновска: Македонскиот рубин добива институционална заштита

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна процес за официјална заштита на македонскиот рубин, соопшти министерката Сања Божиновска. На првиот состанок меѓу Министерството, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост беа
Go toTop