Во Нигерија откриени 39 случаи на вирусот мајмунски сипаници

August 16, 2024
1 min read

АБУЏА (АА) – Оваа година во Нигерија, најнаселената земја во Африка, се откриени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници, јавува Анадолу

Џиде Идрис, директор на Центарот за контрола на болести во Нигерија (ЦКБН), за новинарите изјави дека ја следат ситуацијата во врска со случаите на мајмунски сипаници во земјата.

Тој посочи дека од почетокот на годинава во различни држави се откриени 39 случаи на мајмунски сипаници.

Истакнувајќи дека во земјата немало жртви од последиците од овој вирус, Идрис истакна дека Центарот продолжува да ги координира активностите.

Тој додаде дека Центарот размислува и за вакцинација на високоризичните групи.

„Нигерија очекува да добие десет илјади дози од вакцината Јунеос“, рече тој.

Нигериската Влада подготви здравствен формулар за меѓународните патници за да спречи ширење на вирусот.

Африканската унија прогласи вонредна состојба во јавното здравство низ целиот континент поради вирусот што брзо се шири во африканските земји.

Од друга страна, покрај Африка, Шведска вчера го пријави првиот случај со позаразна варијанта на мајмунски сипаници.

„Ова е прв случај што е дијагностициран надвор од африканскиот континент“, рече Оливија Вигзел, вршителка на должноста генерален директор на шведската Управа за јавно здравје.

Според нејзините зборови, болното лице побарало лекарска помош во реонот на Стокхолм, при што било потврдено дека е заразено со позаразна варијанта на вирусот мајмински сипаници позната како клад 1.

Податоците со кои располага Управата за јавно здравје на Шведска укажуваат дека лицето било заразено за време на престојот во Африка, каде што има епидемија на овој вирус.

Таа смета дека варијантата на мајмунски сипаници, која моментно се шири во Демократска Република Конго и на други места на африканскиот континент, е позаразна и со поголема стапка на смртност од варијантата клад 2, која беше одговорна за глобалната епидемија што започна во 2022 година.

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ја прогласи ситуацијата со мајмунски сипаници за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење.

„Вонредната состојба за јавното здравје од меѓународно значење е највисоко ниво на тревога според меѓународното здравствено право“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Х.

Од почетокот на 2024 година повеќе од десет африкански земји ја пријавиле болеста што се пренесува преку близок контакт, а Демократска Република Конго сочинува повеќе од 90 отсто од пријавените случаи.

Според СЗО, мајмунските сипаници предизвикуваат исипување и симптоми слични на грип.

„Во следните денови и недели СЗО ќе биде посветена на тоа да координира глобален одговор, тесно соработувајќи со секоја од погодените земји и користејќи го нашето присуство на терен за да се спречи пренесување, да се третираат заразените и да се спасат животи“, рече Гебрејесус.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каква корист ќе има Иран од извозот на балистички ракети во Русија?

Следно

Судскиот совет формира Комисија што ќе го испита постапувањето на Судот за случајот Блерим Рамадани

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop