„Во нападот во Москва се убиени 40 лица, повеќе од 100 се ранети“, соопшти руската Федерална служба за безбедност

March 23, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Вооружени лица убија 60 луѓе и ранија повеќе од 100 во вооружен напад во концертна сала во близина на Москва, објави Истражниот комитет на Русија, известува Анадолу.

Во соопштението на Комитетот се вели дека експертите продолжуваат со работата на местото каде што се случи инцидентот.

„Утврдено е дека како последица на терористичкиот напад загинале повеќе од 60 лица. За жал, бројот на жртви може да се зголеми“, се наведува во соопштението.

Запленети се доказни материјали, вклучително оружје и муниција, спроведена е генетска и балистичка анализа, а земени се и отпечатоци. Полицијата ги собра и снимките од камерите.

Инцидентот се случи во Красногорска, административен центар во Московската област, каде според првичните информации, во салата „Крокус Сити Хол“ требало да настапи музичкиот состав „Пикник“. Членовите на музичката група не се повредени во нападот, соопшти агенцијата за спроведување на законот.

Подоцна на самото место дојде пријава за експлозија која предизвикала голем пожар. Министерството за вонредни состојби информираше дека околу третина од зградата била зафатена од пожарот, а неколку хеликоптери работеле на негово гасење.

Канцеларијата на државниот обвинител на Русија соопшти дека неидентификувани лица пукале пред почетокот на концертот, а истражниот комитет започнал кривична постапка по инцидентот, прогласувајќи го за „терористички напад“.

Судбината на убијците засега е непозната, а постојат тврдења дека напаѓачите успеале да избегаат од местото на настанот.

Московската полиција ги зголеми безбедносните мерки поради вооружениот напад во концертната сала, а луѓето се претресуваат на станиците на подземната железница и на други јавни места, откако напаѓачите избегале од местото на нападот.

„Претседателот на Русија, Владимир Путин, е известен за нападот неколку минути откако се случи и континуирано ги добивал најновите информации“, соопшти портпаролот Дмитриј Песков.

Како одговор на нападот, поранешниот претседател на Русија, Дмитри Медведев, побара „целосна егзекуција на терористите и казнени мерки за нивните семејства“.

– Терористички напад во концертната сала во Москва

Концертната сала наречена „Крокус Сити Хол“ во Москва, главниот град на Русија, беше нападната од вооружени лица вечерта на 22 март.

На снимките споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека напаѓачите пукале по случаен избор кон луѓето во салата. Руската Федерална служба за безбедност објави дека, според првичните сознанија, 40 лица загинале во терористичкиот напад, а рускиот министер за здравство Михаил Мурашко објави дека 115 лица се повредени, од кои 60 потешко.

Во концертната сала избувна и пожар на покривот на зградата, а стотици лица учествиваа во неговото згасење. По извесно време се урнал кровот на зградата во кој се наоѓа концертната сала.

Откажани се сите јавни настани во Москва за време на викендот, а формирана е и работна група за справување со терористичкиот напад.

Федералната служба на Националната гарда на Русија (Росгвардија) извести дека операцијата за фаќање на оние кои го извршиле вооружениот напад е во тек.

​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 40 мртви во пукањето на концерт во близина на Москва, одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“

Следно

Унија за Медитеранот: 240 милиони луѓе покрај бреговите на Медитеранот немаат доволно вода

Latest from Blog

Предвидувања на Нострадамус за 2026.- едно е поврзано со војна во Европа

Неговата книга „Пророштва“ (Les Prophéties) е објавена во 1555 година и оттогаш привлекува светско внимание. Повеќето академски извори не ја потврдуваат врската помеѓу испишаните катрени и историските настани што следеле, верувајќи дека

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците
Go toTop