Во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа во текот на ноќта се убиени 19 Палестинци

August 22, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 19 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши во текот на ноќта во различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, мајка и дете загинале во израелското бомбардирање на куќата на семејството Абу Дака во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелската Армија отвори оган врз палестинските шатори во делот Кан Јунис во регионот Меваси, каде што се наоѓаат многу раселени Палестинци.

Во градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, убиени се 11 Палестинци, а а голем број се ранети во бомбардирањето на домот на семејството Хамуда.

Здравствени извори наведуваат дека телата на загинатите во израелските напади се донесени во болницата „Кемал Адван“ и дека повеќето од нив се жени и деца.

Изворите наведуваат дека имало и луѓе заробени под урнатините.

Како последица на нападите на израелската Армија врз куќата на семејството Ед-Дебаки во бегалскиот камп Мегази во централните делови на Појасот Газа, загинаа тројца Палестинци, а четири лица се ранети.

Три лица загинаа во израелското бомбардирање на куќата на семејството Салман во областа Тел ез-Затер во Џабалија, северно од Појасот Газа.

Многу Палестинци беа ранети кога израелската Армија ја бомбардираше куќата на семејството Ал Џадили во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Артилериските единици ги бомбардираа и северозападните области на кампот.

Додека израелската војска ги гаѓаше населбите Тел ел-Хева, Ез-Зејтун и Ал-Сабра во градот Газа, беспилотните летала исто така летаа ниско во регионот.

Израелската Армија продолжи да ги бомбардира источните делови на градот Деир ал Балах.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 40.223 Палестинци, од кои најмалку 16.480 деца и 10.980 жени, а 92.981 лице се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце

Следно

Стеф Кари е најплатениот кошаркар на светот

Latest from Blog

Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи

Флик конечно го откри “кртот“ во соблекувалната на Барселона!

ФОТО: FC Barselona/FB Еден проблем помалку за тренерот на Барселона, Ханси Флик. Имено германскиот стратг наводно открил кој ги издавал доверливите информации за Барселона на медиумите, ставајќи крај на неделните задкулисни игри.

Тоневски: Пробиштип годинава без луксузни новогодишни украси

Општина Пробиштип оваа година ќе ја реализира новогодишната декорација на поедноставен начин, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Поради големата финансиска задолженост и висината на цената од 30.000 евра што беше понудена на тендерот,

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50
Go toTop