Во напад на израелската армија врз болницата Шифа убиени се повеќе од 150 Палестинци

March 22, 2024
1 min read

КУДС (АА) – Повеќе од 150 Палестинци се убиени, а досега се приведени стотици во нападот на израелската армија врз болницата Шифа во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека продолжуваат операциите на воените сили и на Организацијата за внатрешна безбедност Шин-Бет (Шабак) во областа на болницата Шифа.

Се наведува дека повеќе од 150 Палестинци се убиени, а досега се приведени стотици Палестинци во рацијата на болницата и нејзината околина на 18 март.

Исто така, се наведува дека операциите продолжуваат во регионот Ал-Карара во градот Кан Јунис, на јужниот дел на Газа.

Израелската армија изврши рација во болницата Шифа на 18 март и го опколи комплексот каде што се засолнуваа раселените Палестинци.

Веќе четири дена траат интензивни напади на израелската армија околу болницата Шифа, која израелската армија веќе неколкупати ја нападна.

Палестинските медиуми објавија дека израелската армија вчера со експлозив разнела зграда во кампусот на болницата Шифа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политичарите во БиХ имаат поголеми обврски од синоќа

Следно

(ВИДЕО) Монголија зафатена од најстудената зима во последните 50 години

Latest from Blog

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и
Go toTop