Во најновите израелски напади убиени седуммина Палестинци, продолжува бомбардирањето домови во Газа

September 13, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Седуммина Палестинци, меѓу кои две деца, се убиени рано утрово во израелските воздушни напади и артилериски гранатирања врз домови во Појасот Газа. Израелската армија продолжува со уништувањето на станбените згради на територијата, јавува Анадолу.

Медицински извори од болницата „Насер“ за Анадолу изјавија дека петмина Палестинци, меѓу кои една жена и две деца, се убиени, а повеќемина се повредени во артилерискиот напад чија цел била дом во областа Ал-Маваси во Рафа, Јужна Газа.

Во Централна Газа се убиени двајца Палестинци, а деветмина се повредени кога израелски воен авион бомбардирал дом во бегалскиот камп Нусејрат, соопшти болницата „Ал-Авда“.

Во друго соопштение болницата истакна дека нејзините медицински тимови третираат дополнителни повреди како резултат на нападите врз неколку дома во кампот Нусејрат.

Во градот Газа израелската артилерија ги бомбардирала населбите Сабра и Зејтун во јужниот дел на градот, придружени со истрели од воени возила и дронови. Очевидците изјавија дека има повредени и дека жртвите биле пренесени во Баптистичката болница „Ал-Ахли“.

Очевидци за Анадолу изјавија и дека израелската војска продолжила со уривањето на згради и станбени блокови во близина на оската Нецарим, која ги дели северниот и јужниот дел на Газа.

Палестинските лекари потврдија за Анадолу дека седуммина повредени се пренесени во Баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа откако дрон го гаѓал влезот на пекарницата „Султан“ во центарот на градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари по судската одлука: Партијата му се враќа во членство

Следно

Телото на турско-американската активистка Ејги, застрелана од израелските војници, пристигна во Туркије

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop