Во МСУ-Скопје вечерва се отвора изложбата „Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции”

April 8, 2025
3 mins read

Денеска, 8 април (вторник), со почеток во 20 часот, во МСУ-Скопје ќе биде отворана изложбата „Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции”, со бројни дела од четириесет реномирани уметници од колекцијата на МСУ-Скопје и 4 актуелни уметници од колекцијата на МСУ Лион.

Низ селекција на значајни дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Енрике Пејсере, се истакнуваат уметници и од целиот свет, кои по Втората светска војна заминуваат во Париз, каде се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници.

Селекција на дела од современи и реномирани автори од Музејот за современа уметност во Лион, како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Лесија и Шурук Хриеш ќе бидат премиерно прикажани за време на изложбата. Тоа дополнително ќе влијае на размислата за миграциите на уметниците и важноста на културната размена.

Кураторот на изложбата е Матје Лелиевр, Директор на оделот на колекции во Музејот на современа уметност во Лион.

Изложбата ќе ја отворат Тихомир Топузовски, в.д Директор на Музејот на современата уметност-Скопје, Филип Маршето, прв советник во Амбасадата на Франција и Матје Лелиевр, одговорен за одделот „колекции“ во Музејот на современа уметност во Лион и куратор на изложбата.

На изложбата ќе бисат презентирани уметници од колекцијата на МСУ-Скопје: Пјер Алешински (БЕЛ/ФР), Могенс Андерсен (ДК/ФР), Доротео Арнаиз (ШП/ФР), Ана-Ева Бергман (НОР/ФР), Ларс Бо (ДК/ФР), Виктор Васарели (УГ/ФР), Брам ван Велде (НК/ФР), Владимир Величковиќ (СРБ), Марсел-Анри Вердрен (БЕЛ), Зао Ву-Ки (КИН/ФР), Кармен Грација (АР), Хисао Домото (ЈП/ФР), Серволо Есмералдо (БРА/ФР), Џереми Жентили (ВК/ФР), Кенџи Јошида (ЈП), Анџелика Капорасо (АР), Барбара Квасњевска (ПОЛ/ФР), Пиотр Ковалски (УКР/ФР), Карлос Круз-Диез (ВЕ/ФР), Вифредо Лам (КУ/ФР), Грета Леузингер (ЦХ), Чарлс Лојд (АУСТР), Грегори Масуровски (САД/ФР), Роберто Матта (ЧИЛ/ФР), Зоран Мушиќ (СЛ/ФР), Виргилије Невјестић (ХР), Мерет Опенхајм (ГЕР/ЦХ), Марио Прасино (ТР/ФР), Енрике Пејсере (АР/ФР), Жоан Рабаскал (ШП/ФР), Франсоа Стаљи (ГЕР/ФР), Зора Стаак (СРБ/ФР), Ана Старицки (УКР/ФР), Куми Сугаи (ЈП), Франтишек Тихи (ЧЕ), Курт Форс (ШВЕ), Тери Хаас (ЧЕ/ФР), Етиен Хајду (РО/ФР), Ханс Хартунг (ГЕР/ФР) и Серж Шаршун (РУ/ФР).

Од колекцијата на macLYON ќе бидат: Даниел Вале-Клајнер (ФР), Анж Литша (ФР), Шурук Хриеш (МА/ФР), Јасмина Чибиќ (СЛ/ВК).

Историјата на уметностa во дваесеттиот век, која е обележана со преселби и егзил на уметниците, ни открива една неверојатна разновидност на животни патешествија и уметничка практика. По Втората светска војна, голем дел од уметниците заминуваат во Париз, како космополитски град и светска крстосница, каде што се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници. Париз, во поствоената Европа, е вистинско плодно тло за уметниците кои бегаат од тоталитарните режими, насилните конфликти или авторитарните уметнички доктрини. Со тоа Париз добива димензија на светски град, глобализиран, космополитски. Тој се претвора во меѓународен центар за уметници од целиот свет, а значењето на изразот Втора париска школа станува многу подлабоко од изворното значење.

Во каталогот на изложбата на донации од 1966 година, Борис Петковски, директорот на МСУ-Скопје, истакнува дека „оваа изложба содржи дела од најпознатите француски и светски уметници од поствоениот период.

Донираните дела се поделени по категории, а токму изложбата ќе ја истакне нивната поврзаност“. Сепак, ако се анализира разновидноста на француската колекција, чии автори се со разнообразно потекло, се поставува прашањето дали поделбата по национална припадност е соодветна.

Изложбата „Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции,“ покрај реномираните автори, покажува посебен интерес за уметничките имиња и правци кои можеби не се многу познати, но денес се дел од француската колекција на МСУ-Скопје. Оваа колекција прикажува една генерација уметници кои живееле во време на длабоки сомнежи, но истовремено и на силна надеж. Со оваа изложба ѝ се оддава омаж на креативноста, како плод на уметничките размени на една генерација во потрага по заеднички јазик. Сите јазици се мешаат правејќи го Париз модерен Вавилон чиј заеднички јазик станува уметноста. Оваа изложба има за цел да воспостави една „фиктивна заедница на уметници“, прикажувајќи ги нивните меѓусебни врски и средби. Таа ги обединува трагите од нивните заеднички простори на креативност: ателјеата, приватните академии, Школата за ликовни уметности во Париз, Салонот на новите реалности и други. Всушност, ова е една поставка која, пред сѐ, настојува да ги прослави овие заеднички патеки и движења.

За да им се оддаде почит на уметниците од колекцијата во Скопје, изборот на делата во оваа изложба е збогатен со уметнички дела од Музејот на современата уметност во Лион. Поаѓајќи од темите за уметничките преселби, патувања и донации, изборот на уметничките дела од мсуЛИОН отвораат, исто така, и простор за меѓугенерациски и меѓуинституционален дијалог помеѓу двата музеја.

Изложбата е реализирана во соработка помеѓу МСУ-Скопје, МСУ-ЛИОН, Амбасадата на Франција, Француски институт во Скопје и град Лион.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје, МВР со детали

Следно

Мицкоски: Многу сум разочаран од пресудата на Судот во Тетово, јавно барам да се преиспита работата на судијата!

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop