Нови 355 вработувања ќе се реализираат во „Македонски шуми“. Во македонски општини ќе се вработуваат Албанци.

 

Според најновиот оглас на „Македонски шуми“, за правична застапеност се бараат 12 сечачи Албанци, во општина во која според последниот попис живее само еден Албанец.

Освен Берово, според огласот се забележува и дека Албанци се бараат и во други општини, како Крива Паланка, Демир Капија, Кавадарци…

Доколку внимателно го погледнете овој список, ќе приметите дека во македонски етнички општини има објавено оглас за вработување со критериум лицето да е Албанец, исто како што се изненадивме неделава дека за вработување на гинеколог на Клиника се бараше лекарот специјалист да биде Албанец. Така викал законот! Но во истиот овој законот не е примарно да се биде добар  гинеколог, со повисоки оценки, со поголем број извршени стручни успешни интервенции и со позитивни резултати во кариерата.

 

За дрвосечач исто така нема некаков критериум во смисла, колку и какви шуми осакатил во интерес на граѓаните кои мора да се греат на дрва во 21 век, кога веќе државата не вовела евтин еколошки начин на загревање. Се разбира, дрвосечач треба да сече и заради самата шума, болни дрва на пример. Или дрва во Берово кои може да паднат и да повредат човек. Албанец тоа најдобро ќе знае да го направи познавајќи го теренот во Берово и регионот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.