Во Лисабон протест на екстремната десница против исламизација на Европа

February 4, 2024
1 min read

ЛИСАБОН (АА) – Во Лисабон, главниот град на Португалија, се одржа протест на екстремната десница против исламизација на Европа, јавува Анадолу.

Група на крајната десница која себеси се нарекува „1143“ организираше демонстрации под слоганот „Против исламизација на Европа“. Демонстрантите извикуваа слогани против муслиманите, мигрантите и исламизацијата на Португалија и европските држави.

И покрај судската забрана, на улиците на Лисабон се одржа протестот на кој присуствуваа неколку стотици луѓе.

Протестот се одржа на повик на екстремно десничарската група „1143“ преку интернет.

Насобраните носеа транспаренти „Стоп за исламот“ и „Португалија на Португалците“, ја пееја државната химна и извикуваа „Португалија, Португалија“.

Протестот го следеа голем број припадници на полицијата, а некои случајни минувачи извикуваа „Фашизам никогаш повеќе“.

Португалија е земја во која христијаните се мнозинство. Според пописот од 2021 година, муслиманите претставуваат околу 0,4 отсто од вкупното население во земјата. Проценките покажуваат дека во земјата живеат околу 65.000 муслимани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Струшките хотели и компании најавуваат повисоки цени

Следно

Во Истанбул се одржа протест против израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop