Во Кривичен пресуда за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

June 25, 2025
1 min read

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. 

Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Адвокатот Јовица Страшески, застапник на Палевски, побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека Обвинителството не приложило ниту еден доказ за вината на неговиот клиент. 

Ослободителни пресуди побараа и адвокатите на сите обвинети.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

Следно

Скопје стана главна рап вест за депониите како јавен срам

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска: ‘Стандард и Пурс’ потврдува одговорно управување со јавните финансии

Агенцијата „Стандард и Пурс“ ја потврди кредитната оценка на Македонија на ‘BB’ со стабилни изгледи, што, според министерството за финансии, е јасен сигнал за доверба во економските политики и фискалната стабилност на

Дневен хороскоп за 24 Јануари 2026

ОВЕН Денеска може да влезете во расправија или жесток разговор. Имајте на ум дека вашата гледна точка не е единствената точна. Дури и ако сте сигурни во себе, слушајте ја и другата
Go toTop