Во Јапонија непрекинато беснеат најголемите шумски пожари во последните децении

March 3, 2025
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Најголемите шумски пожари во Јапонија во повеќе од три децении беснеат непрекинато, додека пожарникарите поддржани од воени хеликоптери продолжуваат да се борат за нивно локализирање. Дневно горат по илјадници хектари површини, објавија денес јапонските медиуми, пренесува Анадолу.

Пожарникарите се борат со пожарите во шумското подрачје околу североисточниот град Офунато од минатата среда, јави јавниот сервис НХК.

Пожарите досега изгореа површина од околу 2.100 хектари. Во изминатите 24 часа изгорени се уште 3.000 хектари.

Поддржани од хеликоптери на Јапонските сили за самоодбрана, пожарникарите се борат со пожарите од воздух и од земја, додека чадот се шири кон станбените области.

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 80 објекти се оштетени.

„Загрижени сме поради ширењето на пожарите. Веруваме во моќта на гаснењето пожари од воздух и од земја. Ќе се обидеме да ги изгасиме пожарите“, изјави градоначалникот на Офунато, Фучигами Кијоши.

Речиси 1.200 жители веќе се засолнети на безбедно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајна некултура: Викендов изречени 1.278 казни, најмногу за брзо возење

Следно

Барселона му порача на Нејмар: Дај 15 гола за Сантос и ќе разговараме

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop