Во израелското бомбардирање на Појасот Газа загинаа 44 лица

November 22, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 44 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа, а десетици се повредени кога израелски воени авиони ги бомбардираа Кан Јунис, Деир ал Белах и Џабалија во Појасот Газа пред привремениот прекин на огнот, пренесува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, најмалку 15 лица загинаа, а 25 лица, главно, жени и деца, се повредени во воздушен напад врз зграда во градот Хамед, западно од бегалскиот камп Кан Јунис.

Во бомбардирањето на куќата на семејството Абу Шамас во регионот Дејр ал Балах во централниот дел на Газа загинаа 24 лица. Дваесет луѓе го преживеаја нападот.

Во воздушниот напад на бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа загинаа пет лица, меѓу кои три од тимот за пребарување и спасување. Во ова подрачје е нападнатата уште една куќа.

ВАФА објави дека загинатите и повредените од семејствата на Абду Рабу, Абу Газа, Абу Шамас и Ер-Ријати се пренесени во болницата Акса.

Израелската Влада утринава се согласи на договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас во замена за привремен прекин на огнот.

По шестчасовна дебата израелската Влада го одобри договорот со кој 50 заложници, вклучително и деца, мајки и постари жени што ги држеше Хамас во Газа, ќе бидат ослободени во замена за четиридневен прекин на огнот.

На секои десет заложници ослободени од Хамас, прекинот на огнот ќе се продолжува за еден ден.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски се обрати на конференцијата на Уставниот суд: Во иднина Уставниот суд треба уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Следно

МЗ: Одобрени дополнителни 100 милиони денари за лекот Трикафта

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop