Во израелско бомбардирање на бегалски камп во Појасот Газа убиени 70 Палестинци

December 25, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа убиени се најмалку 70 Палестинци, соопшти синоќа портпаролот на Министерството за здравство на палестинската енклава, Ашраф ал-Кудра, известува Анадолу.

Ал-Кудра изјави дека тоа што се случувало во кампот Ал-Магази бил масакр извршен во преполн станбен блок.

Тој додаде дека бројката на загинати веројатно ќе се зголеми, имајќи го предвид големиот број семејства што живее во преполниот станбен блок.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 20.424 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 54.036 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава, при што околу 2 милиона луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостиг на храна и чиста вода.

Во заробеништво сѐ уште се наоѓаат 130 Израелци. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува новогодишниот попуст на книги во „Или-Или“

Следно

Палчо добил голема сума пари од Швајцарија по убиството, киднапирањето се вежбало со денови

Latest from Blog

Баба Ванѓа со морничаво „предвидување“ за 2026 година

Иако почина во 1996 година, нејзините „предвидувања“, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат. „Контакт со нова цивилизација“ Нејзините „визии“ за следната година повторно се ажурирани, а најшокантна е онаа

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски
Go toTop