Во израелските воздушни напади врз Газа во последните 24 часа се убиени 71 Палестинец

January 2, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Израел уби 71 Палестинец и повреди десетици во 34 воздушни напади врз Газа во последните 24 часа, известува Анадолу.

Владината канцеларија за медиуми во Газа објави писмено соопштение во кое наведе дека израелската армија продолжува со воздушни напади бомбардирајќи го беспомошното население во Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека во 34 воздушни напади на Израел убиени се 71 Палестинец, а десетици се повредени во последните 24 часа.

Се истакнува дека воздушните напади насочени врз цивилите и инфраструктурата во Газа се меѓу ужасните злосторства што го надополнуваат мрачното досие на Израел.

По воздушните напади на Израел во последните 24 часа, болниците, кои веќе располагаа со многу ограничени ресурси, биле исполнети со ранети луѓе, а израелската армија спречија тимовите за цивилна одбрана да стигнат до безживотните тела на Палестинците.

Во соопштението се наведува дека телата на оние кои ги загубија животите во воздушните напади во многу региони, особено во северниот дел на градот Газа, сѐ уште се на улиците и под урнатините, а Израел продолжува со кршењето на меѓународното право со тоа што не дозволува да се соберат телата.

Владината канцеларија за медиуми во Газа се осврна и на фактот дека израелската армија веќе 454 дена врши геноцид врз палестинскиот народ во Појасот Газа и ја повика меѓународната заедница да ги исполни своите обврски и да ја прекине оваа војна против палестинскиот народ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужас во Тетово: Татко осомничен за убиство на својот син

Следно

Татко со ловечка пушка си го убил синот во Тетово

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop