Во израелските воздушни напади во Газа убиени се 2.704 деца

October 25, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа се искачи на 6.546, соопшти денес палестинското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

„Меѓу убиените има 2.704 деца, 1.584 жени и 364 постари лица“, рече портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кудра на прес-конференцијата во Газа.

Тој истакна дека во нападите се ранети 17.439 луѓе, а околу 1.600 се заробени под урнатините, меѓу кои 900 деца.

Тој додаде дека во израелските напади загинале 73 медицински работници, а биле уништени 25 амбулантни возила.

„Здравствениот систем во Газа е во колапс“, рече Ал-Кудра, како резултат на бруталните израелски напади и недостигот на неопходни ресурси.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври, ставајќи ја целата енклава под блокада, поради што 2,3 милиони жители имаат малку вода, гориво и медицински материјали.

Израелската војска продолжи со своите интензивни воздушни напади врз Газа, во кои уништи цели квартови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија

Следно

Јорданов понуди плац за куќа, бесплатна градинка за семејството на штипската четворка

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop