Во израелските напади загинаа уште 68 Палестинци во Газа, со што бројот на загинати од 7 октомври се искачи на 33.797

April 15, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Во израелските напади во Појасот Газа загинаа уште 68 Палестинци, со што бројот на загинати од октомври минатата година се искачи на 33.797, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

„Израелската окупација (сили) изврши седум масакри врз семејства во Појасот Газа, при што 68 Палестинци загинаа и 94 се повредени во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел го продолжува нападот врз Појасот Газа, при што од 7 октомври загинаа 33.797 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени 76.465 други, според палестинските здравствени власти.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека убиле речиси 1.200 луѓе.

Израелската војна принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Шел“ официјално потврди дека нема гас и нафта на планината Шпираг во Албанија

Следно

Втор напад со нож во Сиднеј за 48 часа, насилник нападнал свештеник пред олтарот

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop