Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 14 Палестинци, десетици се ранети

January 26, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили денес извршија напади врз централните делови на Појасот Газа, во кои загинаа 14 Палестинци, а десетици се ранети, јавува Анадолу.

Според државната палестинска новинска агенција ВАФА, Израел продолжи да напаѓа различни области во Појасот Газа од воздух и од земја.

Најмалку 11 Палестинци загинаа, а многу се повредени во напад на израелски воени авиони врз бегалскиот камп Ал-Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Уште тројца Палестинци загинаа, а неколку други се ранети во напад на куќа во градот Аз-Завејда во централниот дел на Појасот Газа.

Израелските артилериски единици и беспилотни летала извршија интензивни напади и околу медицинскиот комплекс Насир во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија против насилството: Повторно протест поради “изборната кражба“

Следно

Белата куќа ги повика сенаторите да се спогодат околу помошта за Украина, Трамп е против

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop