Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 11 Палестинци

June 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 11 Палестинци загинаа, а повеќемина се повредени во израелските напади денес врз централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Државната палестинска новинска агенција Вафа објави и дека десетици Палестинци се повредени во палестинската енклава во нападите од раните утрински часови.

Се наведува дека екипите на цивилната одбрана успеале да извлечат пет тела, меѓу кои и на деца и жени, од урнатините откако израелските сили извршиле напад на домот на семејството Мана во населбата Шеик Радван.

Цел на израелското бомбардирање беше и дом во бегалскиот камп Ал-Бурејџ во Централна Газа, при што загинаа шест Палестинци, а повеќемина беа повредени, додава Вафа.

Израел ја продолжувса својата брутална офанзива врз Газа, по нападот на Хамас минатиот 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која бара итен прекин на огнот

Оттогаш, во нападите во Газа загинати се повеќе од 36.700 Палестинци, најголем дел жени и деца, а над 83.500 се повредени, според локалните здравствени власти.

Осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде постои и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафа, каде над милион Палестинци побараа засолниште од војната пред копнената офанзива на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден избори во ЕУ – какви се прогнозите?

Следно

Моника Зајкова: Остануваме во коалиција со СДСМ

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop