Во израелските напади врз Газа загинаа 8.005 Палестинци, од кои 3.342 деца

October 29, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на Палестинци загинати во израелските напади врз Газа од 7 октомври се искачи на 8.005, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека 3.342 од жртвите се деца, 2.062 жени и 460 стари лица.

Израел силно ја бомбардира Газа од 7 октомври кога Хамас изврши ненадеен прекуграничен напад. Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, вчера најави „проширување на операциите“, преминување во „следната фаза од нашата војна против Хамас“.

2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг од храна, вода, гориво и лекови поради блокадата на енклавата од страна на Израел. Само неколку камиони со помош влегоа во Газа од отворањето на преминот Рафа минатиот викенд.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во денешното обраќање во Катманду, Непал, го повтори својот апел за „итен хуманитарен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и испорака на хуманитарна помош во обем што ги задоволува потребите на населението во Газа.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патнички воз Скопје – Неготино удрил во железен предмет на пруга, граѓаните патувале шест часа

Следно

Електричните коли дигаат рачна

Latest from Blog

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните
Go toTop